ЕП одобри укинување на летното и зимското сметање на времето

Facebook
Twitter
Email
Print

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинувње на летното и зимско сметање на  времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

 

Ова, сепак, не значи дека одлуката ќе стапи на сила бидејќи ќе се чека Европската комисија да ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена и да го даде последниот збор.

 

Од 1996 година граѓаните на земјите од ЕУ ги поместуваат часовниците за еден час нанапред во последната недела на март, и еден час наназад во последната недела од октомври.

 

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците беше покренато од страна на Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Парламентарците кои се согласуваат со укинувањето, наведуваат дека истражувањата покажале дека една петтина од популацијата страда од здравствени проблеми поради зимското и летното сметање.

 

Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

 

Летното и зимското сметање веќе е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

 

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи