Првата „бомба“ слави трет роденден

Facebook
Twitter
Email
Print

На денешен ден, пред три години, пукна правата бомба во јавноста. Имено, на деветти февруари 2015 година, тогашниот лидер на опозицијата, а денес премиер, Зоран Заев, на прес-конференција во партиското седиште во Скопје во присуство на голем број новинари и партиски симпатизери ги обелодени првите детали од долго најавуваната бомба.

 

Тој ги обвини тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, дека по нивен налог биле прислушувани околу 20.000 граѓани. Исто така, истакна дека покрај прислушуваните опозиционери, новинари, има и министри од Владата, а бил прислушуван и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

 

„Освен премиерот Груевски и Мијалков, прислушувана е комплетната политичка, судска, медиумска и бизнис елита во Македонија од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање“, истакна Заев пред три години.

 

Веднаш по неа јавноста го слушна снимениот разговор меѓу самиот Заев и неговата ќерка, но и разговорот меѓу тогашните министри за внатрешни работи и за финансии, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски.

 

„Бомбите“, инаку беа и една од причините за формирање на Специјалното јавно обвинителство или официјално, Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, предводено од обвинителката Катица Јанева и уште 12 други обвинители. СЈО е формирано на 15 септември истата година, а на 12 февруари идната, 2016 година, ја објави првата истрага „Титаник“ за изборни нерегуларности, по што следуваа уште десетина други истраги.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи