Предлог-закон за јавни набавки – за набавки до 1000 евра нема да треба тендер

Facebook
Twitter
Email
Print

Со новиот предлог закон за јавни набавки, кој треба да биде донесен до октомври годинава, а да почне да се применува од јануари следната година, се подигаат праговите со кои за јавни набавки мора да се распише тендер.

 

Така ако досега за набавка на стоки и услуги прагот беше 500 евра, со новите законски решенија тој ќе биде 1.000 евра. Новиот праг за набавка на работи е 5.000 евра, а за социјални и други услуги е 10.000 евра.

 

Ѓорѓи Георгиевски, директор на Биро за јавни набавки, кое го изготви новото законско решение согласно ЕУ директивите, рече дека прагот за задолжително објавување јавен оглас е подигнат на барање на бизнис заедницата.

 

„Се подига прагот на јавни набавки и сега е 1.000 евра во класичниот сектор, додека 2.000 евра е во секторските дејности. Зголемувањата на праговите е на барање на бизнис заедницата. Со тоа ќе се олеснат малите набавки, ги олеснуваме прашањата на многу училишта и градинки, бидејќи имаат дефицит на кадар што работи во јавните набавки. Со зголемување на прагот на јавни набавки пак сме со најмал праг во регионот, односно немаме висок праг за да има опасност од зголемена корупција“, кажа Георгиевски.

 

Министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната презентација рече дека цел на новиот закон е да обезбеди полесна постапка за јавни набавки да обезбеди контрола и поголема транспаренстност.

 

„Во согласност со европските правила и практика, новиот Закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. При тоа договорниот орган зависно од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот“, рече Тевдовски.

 

Според нацрт текстот на Законот се воведува обврска за известување за малите набавки.

 

„Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки. Тој ќе биде во вид на електронски каталог, што ќе овозможи брзо и ефикасно решавање на набавките од мала вредност кои се едноставни по својата природа“, додаде рече Тевдовски.

 

Тој кажа дека електронските аукции со новото законско решение нема да бидат задолжителни, туку опционални и дека се стеснува употребата на негативните референци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи