ВИДЕО – НСДП : На тутунарите конечно им се вреднува заработката спрема вложениот труд

Почитувани производители на тутун во името на општинската организација на НСДП Прилеп, сакаме да изразиме целосна поддршка на одлуката на Владата на РМ, за зголемување на висината на субвенциите за тутун. Истакнаа денеска на прес конференција од НСДП Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Веста дека субвенции по килограм продаден тутун се зголемуваат и ќе изнесуваат 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и четврта класа на откупен тутун, ги израдува многуте семејства од Прилеп кои макотрпно работат и егзистираат токму од тутунот.

 

Зголемување на субвенциите важи и за реколтата од 2017 година, што значи дека тутунарите што веќе го предадоа тутунот од претходната реколта ќе добијат повеќе пари.

 

Јасно е дека домаќинските и одговорни политики, спроведувани од Владата на РМ предводена од премиерот Зоран Заев, резултираат со повеќе пари во џебот од граѓаните. Наместо социјални тутунопроизводители, имаме развој на тутунопроизводство. Наместо социјални тутунари, успешни тутунари.

 

Новиот пристап кон тутунопризводителите е дека тоа е бизнис на долгорочен рок, а не социјално преживување на кратки патеки. На тутунарите конечно им се вреднува заработката спрема вложениот труд. Се враќаат парите кај граѓаните. Се зголемуваат субвенциите и се потикнува и стимулира производството на тутун.

 

Општина Прилеп ќе има посебен бенефит од зголемувањето на субвенциите, затоа што тука имаме долгогодишна традиција на тутунопроизводство и со ова уште повеќе се мотивираат тутунарите да прозиведуваат квалитетен тутун.

 

Општинската организација на НСДП Прилеп, ги поддржува овие одлуки на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, одлуки кои значат развој на земјоделието и подршка на интересите на тутунарите“, истакнаа од НСДП Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи