Стапи во сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот

Facebook
Twitter
Email
Print

Стапија на сила одлуките на Владата за преименување на автопатот Е-75 и аеродромот во Петровец. Тоа значи дека сообраќајните табли долж автопатот со името „Александар Македонски“ ќе бидат променети со табли со новото име „Пријателство“.

 

По објавувањето на одлуките во „Службен весник“ аеродромот ќе го носи името Меѓународен аеродром Скопје или на англиски International airport Skopje.

 

Одлуката за преименување на  автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела, а вчера беше објавена во ЈП „Службен весник“.

 

Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас,  е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

 

Сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада.

 

Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи