1200 загинати во катастрофалните поплави во Јужна Азија

Facebook
Twitter
Email
Print

И додека целото внимание во светот е свртено кон ураганот Харви кој пустоши низ Тексас, многу малку ако не и воопшто внимание не се обрнува на катастрофата која што се случува во другиот дел од светот. Преку 1200 загинати и 40 миниони засегнати,  18 000 училишта комплетно уништени или оштетени и 2 милиони деца надвор од школска настава е досегашниот биланс од катастрофалните поплави во Бангладеш, Индија и Непал.

 

Индискиот приморски град Мумбаи е последниот кој што е зафатен од катастрофалните монсунски дождови,  каде 7 луѓе загинаа при уривањето на зграда поради големите поплави.

 

Сиромашните региони на Непал се исто така тешко погодени, каде според Меѓународниот црвен крст се уништени преку 210 000 домови.

 

Околу 2000 училишта во Непал и 4000 училишта во Бангладеш се уништени од поплавите. Хуманитарните организации предупредуваат дека прекинувањето на наставата сериозно ја загрозува иднината на децата од тие региони, со оглед на тоа дека покрај едукативниот карактер, училиштата служат и како засолништа кои што ги штитат децата од експлоатација.

 

„Училиштето е абсолутно најдоброто место каде што едно дете треба да биде, бидејќи служи како заштитен механизам против злоупотребување на детскиот труд, прераното стапување во брак, трговијата со деца, односно зла кои што можат да се случат при вакви елементарни непогоди, кои сиромашните земји ги доведуваат до самиот раб на егзистенција“, вели Марк Пирс, директор на организацијата Спас за децата, во Бангладеш.

Училиштата исто така помагаат и при емоционалното закрепнување на децата, создавајќи чувтсво на нормалност и рутина и претставуваат место каде што децата се дружат со своите другари и врсници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи