Овој месец, Кина ќе го отвори својот најамбициозен градежен мегапроект, мост што ги поврзува Хонг Конг, Макао и јужниот дел на градот Чухаи на копното. Мостот се протега 34 милји и тоа е најдолгиот мост во светот по мост.
Ова е дел од поголемиот проект на Кина со кој таа планира да се стопира миграцијата од неразвиените подрачјка и токму затоа земјата инвестираше десетици милијарди долари во гигантски инфраструктурни проекти.
Овој мост чини 1,5 милијарди долари и според експертите својата функција ќе ја врши и во наредните 120 години. Мостот има 6 ленти и 4 тунели, од кои едниот е под вода.
Кина, исто така, изгради четири вештачки острови за поддршка на оваа структура. Мостот се смета за „инженерско чудо“, тој е направен од 420.000 тони челик – доволно за изградба на 60 Ајфелови кули.
Се очекува на мостот дневно да поминуваат околу 40.000 возила, вклучително и шатл-автобусите што ќе работат во 10-минутни интервали. Пешаците нема да можат да го преминат мостот, ниту велосипедистите, тој е наменет само за автомобили.
Кина веќе е дом на (сега вториот) најдолг морски мост на светот, кој опфаќа 26,3 милји. Завршен е во 2011 година, оваа структура од 1,5 милијарди долари го поврзува источниот крајбрежен град Кингдао со предградието на Хуангдао.