Не доликува еден град како Прилеп сеуште да биде полициска станица. Се надевам дека следната година кога ќе го честитаме овој ден, 7 Мај – Денот на полицијата, ќе имаме Сектор за внатрешни работи. Ова денеска го истакна градоначалникот Јованоски при посетата на полициската станица во Прилеп по повод денот на македонската полиција – 7 Мај.
„На прилепските полицајци сакам да им го четитам 7 мај – Денот на полицијата во надеж дека и понатаму ќе продолжат со својата професионална работа и успех како и досега. Сакам да истакнам и тоа дека Прилеп не заслужува понатаму да остане полициска станица. На Прилеп му треба Сектор за внатрешни работи како што беше и порано“, рече Јованоски.