Адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски побара од судот изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева и на обвинителите кои го застапуваат обвинението, во случајот Ленче Ристоска и Стефче Донев.
Адвокатот Димитар Дангов го достави ваквото барање до судот на денешното рочиште за случајот во кој на Груевски и на Ѓоко Поповски им се суди за нелегалната набавка на луксузниот мерцедес.
Како причина за изземањето е наведена претпоставката дека Катица Јанева, како граѓанин, со кривичното дело за кое што се товарат обвинетите е оштетена. Теоријата на адвокатите е дека СЈО е корисник на буџетски средства и дека поради тоа Јанева е оштетен граѓанин поради што се бара нејзино изземање од постапката за набавката на блиндираниот мерцедес од речиси 600.000 евра.
Обвинителите од СЈО побараа пауза до 14 часот за да може да одговорат на поднесеното барање за нивно изземање.
За Јанева не е предвиден орган во државата кој би одлучувал за нејзиниото евентуално изземање бидејќи државниот обвинител не смее тоа да го прави.