Кина и се е можно: Купила куче за 150 евра, а добила – лисица!

Интересна случка имала една жена од Кина која ја пренесуваат кинеските медиуми. Имено, жената била во продавница за миленици и купила јапонски шпиц за 150 евра.

 

Но, како минувало времето и нејзиното милениче растело, тоа не наликувало на куче. Никогаш не лаело и многу пораснало. За некое време престанало да јаде и од кучешката храна. Крзното му станувало подебело, а опашката подолга, па девојката со причина помислила дека нејзиното милениче е поинакво.

 

 

 

Тогаш жената по име Ванг отишла до зоолошката градина да се консултира со тамошен стручњак. Нејзините сомнежи се покажале оправдани, бидејќи на крај дознала дека наместо куче купила – лисица.

 

Во локална продавница со домашни миленичиња на Ванг наместо куче и продале лисица, а таа сега ќе ја подари во зоолошката градина како би живеела во природно опкружување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира