Компанијата BigRep создаде 3D печатени гуми за велосипед, кои што веќе ја имаа својата проба во Берлин, Германија. Безвоздушните гуми се направени од PRO FLEX – нов термопластичен еластомер кој внесува флексибилност во 3D печатењето.
PRO FLEX материјалот е отпорен на високи температури, издржлив е на удари и има одлични динамички својства.
Корисниците можат да ги печатат и подесат гумите за разни потреби, како планинско возење, возење по патеки и справување разни временски услови.