Партијата Единствена Македонија пред пет дена на прес-конференција сподели со јавноста документи за, како што велат оттаму, скандал во кој актуелната власт ја бришела државјанската поврзаност на Македонците со нивната матична држава, Република Македонија.
„Управата за водење матични книги пет дена не одговара за скандалозното започнување да издава извод на родени во кои во графата државјанство е избришан зборот Република Македонија. Пет дена од Управата за матични книги, Министерството за правда, во чиј состав е оваа управа, владата, граѓанските активисти и невладините блиски до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, целосен молк“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија истакнуваат дека за вакво постапување на антимакедонска и антидржавна основа мора да има одговорност.