Водечкиот актер на „Живи мртовци“ Ендрју Линколн ја напушта ТВ серијата по деветтата сезона, јавува порталот ИМДБ.
Засега не се знае како главниот лик ќе биде отстранет од приказната, дали ќе биде „убиен“, дали ќе се разбуди од сон, но обожавателите може само да очекуваат дека популарниот Рик ќе се појави во само шест епизоди од претстојната сезона.
Допрва ќе се дознае дали ова значи и навестување на крајот на серијата.
„Живи мртовци“ е адаптација на истоимениот мегапопуларен стрип на Роберт Киркман, но серијата се соочува со значителен пад на гледаноста во последните неколку години.