Францускиот претседателот Емануел Макрон ќе го соопшти конечниот став дали Франција ќе го блокира пристапувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО до крајот на наредната недела, на состанокот на шефовите на држави и владите на земјите членки на Унијата во Брисел.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео вчера побара од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и за отворање претпристапни преговори за членство во ЕУ.
Инаку, Франција остана најтврдо на ставот против брзо проширување на ЕУ, откако другите држави од оваа група ја поддржаа интеграцијата на Македонија по договорот за името со Грција.