Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од 95 октани ќе има цена од 71 денар.
Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,09 денари за килограм и вќе изнесува 33,695 денари.