Македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“, информираат од МВР.
„Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, наведува ОЈО во соопштението.
Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата„Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.
Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понуди на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимија своите први песни, а во 2003 година го завршија својот албум „Кога патувам“. Албумот е составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ беа и предгрупа на концертот на „Дип Парпл“ (Deep Purple) во Скопје.
Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.