На 16.08.2018 година во периодот од 03.00 до 08.00 часот во куќа сопственост на М.Ш.(60), во с.Кривогаштани, прилепско, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел околу 20.000 евра.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.