Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.К. (46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции, и прекурсори“.
На 27.03.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот во Прилеп при што биле пронајдени и одземени осум шишиња по 10 мл Метадон, 1,61 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од Cannabis.