Иако во својата претходна проценка, Меѓународниот монетарен фонд оцени дека економскиот раст на Македонија годинава ќе изнесува 2,8%, во својот есенски извештај ММФ предвидува дека македонската економија годинава ќе напредува само 1,6%.
ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто.
Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово со четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 отсто и Хрватска 2,8 проценти.
ММФ во есенскиот извештај ја намали проценката за глобалниот раст за 2018 и 2019 година.
Светската економија и оваа и наредната година ќе порасне за 3,7 проценти, наместо претходно предвидентие 3,9 проценти.