Со 10 гласови „за“, 5 „против“ и без воздржани, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на нацрт амандманот 33. Со него се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект.
Комисијата за уставни прашања ја продолжува расправата по вториот нацрт-амандман со кој во Преамбулата на Уставот одлуките на АСНОМ се заменуваст со прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен диговор.