Компанијата Gillette, ја објави новата реклама која предизвика многу реакции. Кампањата е инспирирана од движењето #MeToo, а во неа главната порака е да се прекине ткн „токсичната машкост“.
Компанијата во рекламата на провокативен начин го истакнува сексизмот, сексуалното вознемирување и малтретирање за што ги смета одгворони мажите и бара нивна промена.
На тоа многу познати мажи , меѓи кои и водителот Пирс Морган јавно изјавија дека веќе нема да ги користат нивните производи.
,,Нема веќе да ги користам вашите производи. Не сум лоша личност затоа што сум маж” , беа некои од најчестите коментари на илјадниците мажи , кои ја осудија кампањата.