Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски се искачија на Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка кој се наоѓа во Аргентина. Ова втор сумит кој Владимир и Маријана го искачуваат за само една година, по ланското искачување на највисокиот врв во Европа, Елбрус.
„На Аконкагва се искачивме вчера ( 15.02.2019 ) во околу 11 часот по локално време. Од камп 3 тргнавме во 2 часот по полноќ. Истиот ден се спуштивме во камп 3 – Колера на 5.970 мнв. Денес околу 12 часот се симнавме во базен камп на 4.300 мнв. Супер се чувствуваме“, вака кратко ни одговорија Маријана и Владимир.
Повеќе детали околу искачувањето, како и фотографии очекуваме за брзо.