Пропадна и вториот самит помеѓу Трамп и Ким

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун не успеаја да постигнат договор на вториот самит во Ханој и предвреме го напуштија состанокот.

 

Наводно како што пренесуваат агенциите, несогласувањата настанале поради санкциите кои САД ги вовеле кон Северна Кореја поради нуклеаризацијата и од кои очигледно Трамп не сака да се откаже.

 

„Сега одлучивме ништо да не потпишеме, да видиме како ќе оди работата. Ким е добро момче и Северна Кореја има огромен потенцијал. Санкциите ќе останат и понатаму, ништо не дадовме. Северна Кореја сака да ги укинеме санкциите, но нема направено доволно за такво нешто. Северна Кореја беше спрема да денуклеаризира некои подрачја, но САД не се подготвени да ги укинат санкциите поради тоа. Ким има своја визија, а таа не е иста со нашата. Одлучивме да се откажеме од договорот засега, ќе видиме што ќе биде понатаму“, изјавил Трамп на конференцијата за новинари.

 

Трамп рекол дека Ким му ветил оти нема повеќе да тестира нуклеарно оружје и дека тој му верува. Додал дека нема да ѝ воведе нови санкции на Северна Кореја, но и дека засега не планира нова средба со Ким, пренесе АФП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи