Антикорупциска ќе го проверува имотот на претседателот Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Антикорупциската комисија ќе врши проверка на имотот на претседателот Иванов по допрен глас.

 

Медиумите објавија дека на име на синот на претседателот  се купени два станови на Водно во зграда која се уште е во градба. Државната комисија ќе ја почне постапката за да се види каква промена има во имотот на Иванов по два изминати мандати како претседател на државата.

 

Минатата недела ДКСК објави дека предмет на постапка на Антикорупциската комисија ќе бидат предизборните унапредувања и именувања во Армијата што, како што наведоа оттаму, Иванов ги потпишал во предизборен период. Од кабинетот на претседателот тврдеа дека се испочитувани Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупцијата .

 

Инаку Државната комисија денеска ги објави и имињата на  Шест градоначалници кои немаат доставено Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интерес.

 

Седум градоначалници на општини во законски предвидениот рок по изборот на функцијата немаат поднесено само изјава за интереси, а имаат анкетен лист, а петмина градоначалници,  имаат доставено само изјава за интереси, при што не е назначено за што е поднесен истиот, дали за градоначалник, или за некоја друга функција .

 

Против нив ќе се поднесат прекршочни постапки, а глобата изнесува од 200 до 400 евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи