30 дневен домашен притвор за 19 годишен пироман кој бил фатен на лице место како подметнува пожар во крушевскиот регион. Тинејџерот кој палел дабова и букова шума го признал делото а од полицијата истражуваат дали бил дел од некоја организирана група.
„Од страна на полициски службеници од СВР Битола 19 годишникот бил забележан како подметнува пожар во близина на селото Врбоец и е лишен од слобода“, вели Тони Ангеловски, портпарол во МВР.
Инаку во моментот во земјата се активни околу 10 пожари. Најкритично според Дирекцијата за заштита и спасување е огнот во Демир Хисар кој зафатил шума на околу 100 хектари а гори и во Чашка од каде локалната самоуправа побарала и ангажирање на авиони поради ширење на пожарот.