На 06.05.2019 година околу 11.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека пред интернет кафе на ул.„Беровска“ во Прилеп непознато лице со употреба на сила извршило разбојништво над Е.Б.(31) од Прилеп, при што му одзело пари. Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на настанот.