Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски да му биде вратен пасошот.
Тричлениот судски совет од одделот за организиран криминал и корупција, на чело со судијката Лилјана Шопова, одлучи да одговори негативно на жалбата на Специјалното обвинителство и да не им одреди притвор на главните петмина обвинети во случајот „Титаник“, во кој што ова обвинителство ги товари за злосторничко здружување и за тешки изборни нерегуларности.
Истовремено, Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 решил да ги издвои „бомбите“ од случајот „Тендери“, по обвинението од СЈО. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија. Идентична одлука е донесена и за случаите „Топлик“ и „Тортура“.