Одбележана 98 годишнината од убиството на Ѓорче Петров

Денеска се навршија 98 години од убиството на идеологот на Македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров.

 

По тој повод, пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, претставници на Советот на општина Прилеп, на средното општинско училиште кое го носи името на револуционерот, Сојузот на борци – Прилеп и на политички партии.

 

Исто така, свежо цвеќе беше положено и пред спомен плочата на родната куќа на Ѓорче Петров, во населбата Варош.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци