ВИДЕО – Атмосферата од 1 ден на Пиво фест – дел од настапите на Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Галија

Во Прилеп започна 17-тото издание на Пиво фестивалот. На првата вечер од манифестацијата присутните кои ги имаше од цела Македонија се забавуваа на музиката од Прилепски Еснаф, Селимова Желчески, но и на рок и рокенрол звуците од Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Неша Галија.

 

 

„Сакаме да продолжи оваа атмосфера, многу е убаво, да продолжи Прилеп вака оваа година и уште многу други“, вели еден од посетителите.

 

„Многу убаво се забавуваат младите. Јас седам тука во центарот на градот, поради музиката не спијам 4 дена, но многу е убаво и забавно“, кажа друга посетителка на фестивалот.

 

„Пиво фестот е една уникатна манифестација за Прилеп која привлекува многу гости од Македонија и странство“, истакна друг посетител.

 

„Пиво фестот е гордоста на Прилеп затоа што тука доаѓаат полно гости не само од Македонија туку и од надвор од дијаспората“, изјави еден посетител од странство.

 

Најголемата гужва се очекува оваа вечер кога настапува и ѕвездата на фестивалот Светлана Ражнатовиќ Цеца. Се очекуваат гости и надвор од Македонија.

 

„Најмногу гости очекуваме од надвор бидејќи нормално настапуваат Цеца и Ален Хасановиќ“, вели еден угостител.

 

По завршувањето на официјалниот дел на главната бина секој ден забавата продолжуваше до 04 часот наутро со електронска музика на Камена Бина во центарот на градот и под Градскиот Саат каде има друг алтернативен простор.

 

„Чест ни е што сме дел од една ваква манифестација и што имаме можност да ја прикажиме и заживееме таа алтернативна сцена“, додаде ДЈ Митрик, ROOM 313.

 

Забава секој ден се организира и за најмладите со различни активности во популарниот парк наречен „Кај пајките“. Фестивалот ќе трае се до недела.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи