Владата предлага интегрирање на СЈО во ЈО – Русковска би ја наследила Јанева

Facebook
Twitter
Email
Print

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се унапреди и да добие слични привилегии и независност како тие што досега ги имаше СЈО, предлага Владата, при што СЈО би било расформирано.

 

„СЈО како структура се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и добива нов назив: Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Ова ЈО ќе има надлежност на целата територија на државата и ќе има гаранции за самостојно делување во рамките на сегашните кои ги има СЈО, но во хиерархија и субординација со државното обвинителство“, најави Заев.

 

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во иднина ќе раководи со интегрираното обвинителство. Сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во новото Јавно обвинителство, а по завршувањето на нивниот мандат на 15 септември годинава имаат право повторно да конкурираат.

 

Обвинителствоото ќе биде дел од јавнообвинителски систем, но републичкиот обвинител ќе нема право да пренасочува обвинители од него на привремена работа во други обвинителства, ниту пак, да им одзема предмети.

 

На овој начин, вели Заев, ќе се обезбеди досегашната структура и ресурси на СЈО во нова форма, без можност политичарите да одлучуваат за составот и раководството на ова обвинителство.

 

Заев текстот на законот следната недела ќе го достави до Собранието, но и до сите политички партии. Премиерот рече дека сега не постои причина ВМРО – ДПМНЕ да го кочи законот за обвинителство, а како дополнителен аргумент ја посочи оставката на Катица Јанева. Заев верува дека во Собранието има услови да се постигне двотретинска поддршка за законот да се изгласа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи