Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук најавува дека во Република Северна Македонија следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
„Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани“, истакнува Заев во објавата на Фејсбук.