Британецот Нил Кемпбел на аеродромската писта во британскиот град Елвингрон, северен Јоркшир, постави нов брзински светски рекорд со велосипед, постигнувајќи брзина од 280,5 километри на час!
Со тоа тој го надмина досегашниот рекорд за 14 километри на час, кој 24 години го држеше Холанѓанинот, Фред Ромпелберг.
На патеката велосипедот со Кемпбел првично бил повлечен од автомобил „Порше Кајен“, за потоа Британецот со сопствени сили на пистата да ја достигне рекордната брзина.
Кемпбел изјавил дека следна амбиција му е со велосипед да успее да надмине брзина од 350 километри на час!