Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р. (60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2017 пријавениот, како директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил пет договори за дело за ангажирање на две лица на привремена работа. Притоа, соопшти денеска МВР, наведените договори ги склучил, откако работните активности за кои биле ангажирани лицата биле веќе извршени.