ВИДЕО – Стерјовска : Капиталните инвестиции годинава во Прилеп изнесуваат мизерни 7.7 %

Денес на одржаната 31-ва седница на Совет на Општина Прилеп едни од најбитните точки беа точките за првиот и вториот квартален извештај како и измените и дополнувањата на буџетот на Општина Прилеп или ребалансот 2019. Она што ни ги затемнува розовите очила и од толку силниот блесок на фактите останавме во неверување е тоа што денес и како официјална бројка излезе процентот на реализација на капиталните расходи. Истакна Ирена Стерјовска Локвенец, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Изјавата по завршувањето на седницата ја пренесуваме во целост.

 

„Впрочем капиталните расходи во првиот задоцнет квартален извештај изнесуваат само 1 %. А додека во вториот квартал истите стигнале до фантастичен процент на реализација од дури 7,74%.

 

Ако истиот период лани имаа фантастична реализација од 11% оваа година се надминаа и стигнаа до уште пофантастична реализација од само 7,74%.

 

Жалиме што градоначалникот не беше присутен денес на седницата па да го прашаме дали е задоволен со динамиката на реализацијата на буџетот. А при носењето на буџетот лани во декември преоптимистиички го елаборираше истиот.

 

Оваа бројка за нас како граѓани на Прилеп и не би требало многу да не изненадува затоа што таа само ја отсликува реалната слика од секојдневните неактивности на општината сега само преточени во катастрофални бројки.

 

Почитувана локална власт овие граѓани ве гласаа за градинки, училишта, спортски сали, театар, пониски сметки за вода, почист Прилеп. Едноставно во гласаа за работа преку која ќе им ги подобрите условите за живот.

 

Но еве на виделина само уште еднаш излегуваат лагите популизмот неспремноста и неспособноста да го надградите Прилеп.

 

Вашата неспремност за работа се гледа и во тоа што во вашите развојни програми за 2019 година денес поново ги проектирате, проширувате временски рамки за реализација од 1 на 2 години.

 

Најверојатно поради  лоша проценка, незнаење или пак слаба досегашна реализација.

 

За ова назадување и непрофесионално водење на општината одговорност мора да има. Но најпрво граѓаните ќе ве казнат на следните предвремени парламентарни избори, а потоа и на следните локални избори.

 

Потребно е да се извадат розовите очила, извадете ги и ќе ја видите реалноста од 7.74% во очите на секој еден кој со крајни маки и сили се труди да работи да делува овде, во Прилеп, во Република Македонија.

 

Доста е блескање, време доаѓа за вистинска работа и вистински проекти за доброто на граѓаните на Општина Прилеп“, додаде Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи