Утринава во просториите на СЈО пристигнал дописот за преземање на предметите од републичкото јавно обвинителство, а потпишан од јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Од специјалното јавно обвинителство информираат дека го добиле известувањето од ЈО со кое раководи Јовески, но детали за тоа на кој начин ќе се прави трансферот на предметите, од СЈО велат дека ќе објават во текот на утрешниот ден.
Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со кое даде овластување сите предмети на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство.
Во меѓувреме во Кривичниот суд се одложуваат судењата кои ги водат обвинителите од СЈО.