На 13 септември, петок 2019 година во 12.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Работилница за класичен и модерен балет.
Работилницата ќе ја водат Маја Каревски (класичен балет) и Христина Ангеловска (модерен балет), а се реализира со балетското студио „Балерина„ од Скопје и танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп.
Настанот е дел од годишната програма на Центарот, поддржан од Министерството за култура.