ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Асфалтирањето и реконструкцијата на улиците стана нормално секојдневие

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, со забрзано темпо работи на подобрување и уредување на патната инфраструктура во општина Прилеп, изјави на денешната прес конференција Александар Ѓорѓиоски од ОО СДСМ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Делот од улицата „11.Октомври“ во централното градско подрачје, кој беше во исклучително лоша состојба и со големи оштетувања на постоечкиот асфалт, неодамна беше комплетно реконструиран и асфалтиран.

 

На површина од 2.500 метри квадратни, на потегот од фурната „Плетварец“ до поранешна „Техника“, на оваа улица е поставен целосно нов слој асфалт.

 

Изминатиот период беше реконструирана и улицата „Стеван Апостолоски“, која исто така беше со големи оштетувања и ударни дупки, особено делот од улицата во близина на Центарот за социјални работи,  каде сообраќајот се одвиваше со тешкотии и проблеми. На оваа улица поставен е нов асфалт на површина од 1.300 метри квадратни.

 

Почитувани, праксата да се асфалтира исклучиво во предизборен период, што беше одлика на претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, е минато и завршено време. Денес, асфалтирањето и реконструкцијата на улиците, стана нормално секојдневие на локалната власт на чие чело стои градоначалникот Јованоски.

 

Градиме по план и обезбедуваме сигурна и безбедна патна инфраструктура. За нас зборот важи“, изјави Ѓорѓиоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци