Во Прилеп се одржа хуманитарната поетско музичка манифестација „Со босоногата по патот на светлината” во организација на Клубот на литературни творци Прилеп и Ружа Спасовска, а наменета за лекување на малиот херој Дејан Најдоски од Прилеп .
Оваа манифестација под мотото: ПОЕТИТЕ, ПИСАТЕЛИТЕ И УМЕТНИЦИТЕ ВО ХУМАНИТАРНА МИСИЈА се одржа во два дела : Дневна хуманитарна акција и Вечерна хуманитарна акција.
Учесници во програмата и дел од хуманитарната мисија беа Уметниците:
– Поети и писатели од Македонија
– Танцов клуб „Темпо”
– Тајфата и Димитар Андоновски
– Филип Николоски
– КУД „Моминок”
Водител на манифестацијата беше Филип Димкоски, а на присутните им се обратија организаторите Ружа Спасовска , Цеца Видова Трајческа и Андриана Ристеска.
Ова беше прва од трите хуманитарни манифестации наменети за лекување на лица со аутизам и мултиплекс склероза. Втората манифестација ќе се одржи во Битола, а финалната трета манифестација ќе се одржи на 19-ти Октомври во Скопје.
Прилеп и прилепчани со големиот одзив покажаа и докажаа дека се навистина хумани и спремни да помогнат во рамките на своите можности.
Донираните средства беа уплатени на донаторската сметка на Дејан Најдоски со желба за успешно лекување.