По Италија, денеска и Велика Британија го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација.
Информацијата на социјалните мрежи ја сподели шефот на британската дипломатија Доминик Раб, кој на Твитер напиша дека со нетрпение очекува земјава да се приклучи на НАТО семејството.
„Со големо задоволство денеска го потпишав Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО заедно со амбасадорката А. Миовска. Со нетрпение очекувам Северна Македонија да пристапи кон семејството на НАТО и да присустува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност“, напиша тој на својот твит.
I’m delighted to sign North Macedonia’s @NATO Accession Protocol today with Ambassador @a_miovska. I look forward to ?? joining the NATO family and attending the NATO Leaders’ Meeting in London to help promote international peace and security. #WeAreNATO #NATOLondon pic.twitter.com/B198Il7wxD
— Dominic Raab (@DominicRaab) October 16, 2019