Пендаровски: Потребно е единство и реформи за европските стандарди да станат домашни стандарди

Facebook
Twitter
Email
Print

Сега не е време за разочарување, апатија и калкулација за добивање на ситни политчики поени, сега е време за обединување, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешното обраќање до граѓаните.

 

„Не е време за разочарувања, апатија, калкулации за политички поени. Време е за обединување за нашата иднина и иднината на нашите деца. Само ако работиме заедно ќе успееме“, рече Пендаровски во своето обраќање.

 

Тој додаде дека незадоволството од недобивањето на датум за почеток на преговорите не треба да се насочува кон одредени членки на Унијата и оти е време за политичко единство.

 

„Нашата држава има искрени пријатели и сојузници, ние во Европа немаме непријатели, но постојат држави кои ги штитат специфичните интереси“, рече Пендаровски во своето обраќање до нацијата.

 

Пендаровски истакна дека реформите мора да продолжат и европските стандарди мора да станат домашни стандарди.

 

„Ние не треба да бидеме само формално членка во унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните. Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации. Справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредк. Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно“, рече Пендаровски. 

 

На крај претседателот информираше дека во недела ќе има лидерска средба и дека сите лидери позитивно одговориле на поканата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи