Околу 13.30 часот на излезот на Скопје, веднаш после бензинската пумпа на Макпетрол, на улицата Александар Македонски во Прилеп се случи сообраќајна несреќа во која според првичните информации за среќа нема жртви, но учесниците се потешко повредени. Во несреќаат учествувале две возила од марките Пежо и Фиат Брава. Возилата се судриле на лентата од двосмерниот булевар која излегува од Прилеп. Како дошло до несреќата треба да утврди истрагата.
Читатели до нашата редакција доставија видео материјал и фотографии од несреќата.