Дизелот поевтини, бензините поскапеа

Facebook
Twitter
Email
Print

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар, односно за 1 денар за литар, во однос на цените утврдени со претходната одлука.

 

Малопродажната цена на еуросупер БС-95 сега изнесува 67,50 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 изнесува 70 денари.

 

Цената на еуродизел се намалува за 0,50 денари за литар и во следниве седум дека ќе се продава за 61,50 денар.

 

Причина за ова се движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период забележаа зголемување кај бензинот за 2,18% и намалување кај дизелот за 1,50%, како и поскапувањето на доларот за 0,29%.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи