За прв пат во Прилеп ќе се организира хуманитарен настан – хуманитарана лотарија по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња. Настанот ќе се одржи на 18.11.2019 година во бифето на ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ од 10 до 14 часот. Организатори се група на мајки кои имаат предвремено родени бебииња, а поддршка за манифестацијата добиле и од Општата болница Прилеп и учениците од средното медицинско училиште.
„Јас сум мајка на дете родено во 24 недела, 5,5 месеци, тешко само 710 грама во Англија. Исто таму организираме ваков настан и таа идеја ја пренесов тука. Идејата беше широкоградно прифатена од сите. Замислено е да се одржи лотарија со ваучери кои ги добивме како спонзорство од прилепски локални бизниси. Сите собрани средства ќе бидат донирани во неонаталошкото одделение при општата болница во Прилеп“, истакна Данче Оклеска, мајка на предвремено родено бебе.
Според Оклеска одредени статистики покажувале дека секое 10-то дете е предвремено родено и тоа не треба да биде табу тема туку гласно да се зборува и да се поддржат родителите во тие моменти.