Претседателот Стево Пендаровски на 12 ноември ќе се сретне со претседателот на Република Франција Емануел Макрон, потврдија од неговиот кабинет.
Пендаровски следната недела ќе присуствува на Парискиот мировен договор, настан на кој ќе присуствуваат 30 шефови на држави и влади, а средбата со Макрон, како што велат од неговиот кабинет ќе биде одделна.
Пендаровски вчера рече дека веќе подолг период се прават напори за да се добие средба со претставници од највисоко ниво во Франција. Тоа ќе биде прва средба воопшто на македонски фунционери со Макрон, по француското НЕ на Самитите во јуни и во октомври. Претходно, во овој период средба барал и премиерот Заев, но без успех.
Клучната порака што се очекува од Париз сега е дали и во кои услови е можно да се промени исходот од последниот Европски самит.