Прилепчанец загина во тешка сообраќајка кај Ропотово

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, откако патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (66) од Прилеп, излетало во каналот покрај патот.

 

Како што соопшти МВР, во сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

 

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп извршија увид на местото на несреќата. Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за обезбедување на траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи