Дуковски: На Јованоски не му работи бубрегот и мокри крв, може да настапи моментална смрт

Facebook
Twitter
Email
Print

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на неговиот клиент.

 

Според Дуковски, состојбата на Јованоски е животно загрозувачка, едниот бубрег два пати му откажал, постојано мокри крв, но и покрај низата препораки и документација за хоспитализација, затворскиот лекар не сакал да преземе одговорност и да го хоспитализира.

 

„Кога е во хоризонтална положба составот во желудникот и желудочната киселина се враќаат во дишните патишта, тоа значи дека кога лежи може да се случи и моментална смрт“, рече Дуковски.

 

Адвокатот појасни дека сето ова се должи на хируршката интервенција на Јовановски пред да биде уапсен, кога поради проблеми со тежината, го стеснил желудникот и му бил подврзан со тенкото црево.

 

„Не бараме милост. Тој е граѓанин и како и сите други, заслужува нега. Не е ова инквизиција. Не е ова 15 век, туку ова е модерна кривична постапка“, кажа адвокатот пред новинарите.

 

Дуковски рече дека Јовановски постојано бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација и тоа од лекари од затворот и останатите служби, кои го омаловажувале со зборовите: “Па нека умре п*дерот”.

 

Адвокатот најавува и кривична пријава за затворскиот лекар.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира