Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 18 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на охридското село Оровник, при преглед на патнички автомобил „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(34) од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкава опојна растителна материја.
Возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.