Јовески целосно ја презема надлежноста врз СЈО

Facebook
Twitter
Email
Print

Со измените на Законот за јавнообвинителска служба, државниот обвинител Љубомир Јовески целосно ќе ги преземе овластувањата на Катица Јанева во СЈО. Јовески ќе може да одлучи дали вработените кои СЈО ги презема од институциите ќе се вратат на старите работни места или не.

 

Покрај тоа, Јовески ќе ги преземе и надлежностите за потпишување исплата на плати, надоместоци, режиски трошоци за вода, струја, телефон, одржување и слично, како и надоместокот на истражителите за посебни услови и доверливост. Иако на сметката на СЈО има доволно средства, овие трошоци не беа исплаќани, а вработените три месеци не земаа плата, бидејќи законот наложува налозите да смее да ги потпише само Катица Јанева и никој друг.

 

Државниот обвинител очекува до крајот на декември да се распределат петнаесетте истраги кои беа во надлежност на згаснатото СЈО, а ги презеде Основното јавно обвинителство.

 

Досега беа распределени четири од вкупно 19 истраги, односно “Империја” за случајот за затајување данок во кој осомничен е бизнисменот Орце Камчев, “Актор” предмет кој се однесува за автопатот Демир Капија  – Смоквица, “Поштенска банка” за перење на пари и предметот “Друмарина” случајот со патарините. Останатите предмети како и предистрагите кои беа преземени засега остануваат да седат во кутии, кои се сместени во објектот каде што беше СЈО.

 

Откако тие ќе бидат распределени се очекува обвинителите кои ќе бидат надлежни да продолжат со собирање на доказни материјали.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи