Во автобуската несреќа што се случи утрово на патот Блаце- Белољин во Република Србија, кога автобус со македонски регистарски таблички се превртел, повредени се 26 лица, од кои едно е потешко повредено. Осумнаесетмина се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, соопшти МНР .
Според првични информации од лекарите, сите повредени се надвор од животна опасност. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените.
Македонската амбасада во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.
Патниците биле дел од еднодневна екскурзија до Копаоник.