ВИДЕО – Прилеп подготвен за патрониот празник Свети Никола

Во Прилеп веќе се чувствува раздвиженоста и претпразничната атмосфера за големиот христијански празик Свети Никола кој што од 2006 година е прогласен и за заштитник на градот под Марковите Кули. Годинава по 14-ти пат прилепчани ќе ја одбележат својата градска слава. За таа цел вредните раце на прилепските домаќинки изработија над 60.000 посни сарми, уникатен специјалитет кој го има и се послужува само во Прилеп. Специфични се што се минијатурни.

 

 

„И посебно е вкусна со повеќе масло варена и на тивко. Овие посни сарми зрачат на Свети николската посна трпеза во центарот на градот“, исткна Љубица Петреска, здружение „Мајка Традиција“.

 

„Можете да ја видите колку убаво се реди во тенџерињата. Прво долу се редат листови за да не загори сармата, потоа се редат сармите и на секој ред се става црвен пипер и масло повеќе за да може убаво да се вари“, кажа Милка Ѓореска, здружение на пензионери Прилеп.

 

Токму со тие мали посни сарми во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди.

 

„Мојата ќерка живее во странство. За нив таму ова е незамисливо дека ние може да направиме толку мали сарми. Ја прашале со какво машинче се прават, а таа само му ги покажала двете раце“, кажа Лилјана Ѓорѓиоска, здружение „Преродба“.

 

Минатата година домаќин на градската слава беше градоначалникот Илија Јованоски со семејството, а ова година кумството го превзеде прилепчанецот Кирил Небрежанец.

 

„Ги канам сите православни верници Македонци во четврток да присуствуваат на свечениот чин и на посната трпеза коии ќе се случат пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот“, додаде Кирил Небрежанец, годинашен домаќин на славата.

 

По повод Свети Никола по 11-ти пат започна хуманитарната во сите православни храмови во Прилеп каде се поставени посебно означени црвени кутии каде граѓаните можат да донираат средства за социјално загрозените семејства.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи